| четврток, 6 декември 2018 |

Цеца: Не размислувам што би било кога Аркан би бил жив

На 27 декември српската пејачка Светлана Ражњатовиќ - Цеца повторно ќе ја полни арената „Борис Трајковски“ во Скопје, со голем предновогодишен концерт, по кој прави пауза од настапи додека го подготвува новиот албум. Во интервју за „Република“, Цеца зборува за специјалната врска што ја има со нашата земја, за медиумскиот притисок, децата, Аркан...

Имате голема маса на верна публика во Македонија, имајќи предвид колку е мала нашата земја. Какви спомени Ве врзуваат со Македонците?

Цеца: Oд својата 14. година гостувам во Македонија, како во Скопје, така и во другите градови. Секогаш тоа е една посебна емоција. Македонската публика ги сака моите песни и заедно со мене хорски ги пее сите. Тоа секој пејач максимално го исполнува. Искрено се радувам на секој настап во Македонија. Мислам дека и овој концерт во арената „Борис Трајковски“ ќе биди вистински спектакл!

Во Скопје ќе го затворите периодот на концерти, барем во догледен период. На што ќе работите?

Цеца: По концертот во Скопје ќе пеам за дочекот на Нова година во белградскиот центар „Белекспо“, а потоа малку би одморила. Мислам дека заслужив по толку успешната турнеја.

„Пинкови ѕвезди“ е шоу од веќе проверен формат, во кое секој може да го покаже талентот. Што е пресудно да се успее и по шоуто?

Цеца: Покрај тоа што мораат да знаат да пеат, идните пејачи и победници во серијалот мораат да имаат и огромна волја за оваа професија. Има, навистина, многу одрекувања низ кои мора да се помине за да се стане вистински професионалец. Тешка е оваа работа и трновита.

Името на Цеца е повеќе од синоним за ѕвезда на Балканот. Ви тежи ли понекогаш славата?

Цеца: Немам приватност, тоа е тоа што ми недостига. Но, тоа е составен дел од славата. Се соживеав со тоа, па не се ни вознемирувам многу околу тоа.

Медиумите веќе редовно и секојдневно покрај Вас, во весниците ги ставаат и Вашите деца. Кои совети им го нудите од Вашето искуство?

Цеца: Се трудам моите деца да не го трпат товарот на мојата слава. Дали успевам, не знам. Тие се послушни и, се разбира, ги слушаат моите совети. Интересни им се на медиумите, не може да се побегне од тоа. Ќе помине и тоа!

Кои Ваши карактеристики ги гледате во Анастасија и во Вељко? Што Ве потсетува кај нив на Вашиот сопруг?

Цеца: Aнастасија ја наследи дарбата за пеење. Пее одлично, но тоа не ѝ е преокупација. Училиштето е приоритет. Вељко е комбинација, малку од мене, малкуод  Жељко. Упорен е, тоа што ќе науми тоа и го тера до крај. Имам добри деца.

Поминаа речиси 15 години од смртта на вашиот сопруг. Размислувате ли што би било кога би било?

Цеца: Тешко прашање. Не размислувам за тоа, затоа што знам дека тоа ништо не би променило.

Има ли некој посебен во Вашиот љубовен живот? 

Цеца: Да имаше медиумите веќе ќе дрдореа за тоа.

Што најчесто сакате да правите кога сте сама?

Цеца: Одморам. Слушам музика, различна, не само народна. Гледам серии, понекогаш нешто ќе прочитам, се дружам со пријателите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top