| четврток, 6 декември 2018 |

Дали сакате со глава или сакате со срце?

Дознајте дали сте романтични или прагматични?

ljubov

Дали го сакате него или само идејата за него?

Некои работи тешко си ги признаваме себеси, а ова е една од тие. Можеби сте се вљубиле „лудо“ во него, со сето срце, а можеби….Можеби сте вљубени во сликата која тој ја претставува, во сликата која ви ја прикажува вашиот мозок, а всушност не сте вљубени во него. Можеби вам повеќе ви се допаѓа неговиот потенцијал и тоа како другите го гледаат, отколку тој самиот.

Дали ве излудува неговата личност?

На почетокот на врската, партнерите секогаш го даваат најдоброто од себе, но како поминува времето, така на виделина излегуваат работите кои претходно не сме имале прилика да ги приметиме. Ако имате лесни напади на бес поради неговото однесување или едноставно ви е несфатливо и одбојно од било која причина, можно е да го сакате само со главата, но е и со срцето.

Дали го почитувате како личност?

Кога сакате некого, тоа значи дека го сакате па каков и да е. Со сите маани и доблести. Доколку сакате константно да го менувате, не сте искрено вљубени. Или барем не со срцето. Љубовта, онаа вистинската, е нешто друго, но никако борба помеѓу желбите и реалноста.

Дали чувствувате хемија?

Можеби тој секогаш ќе успее да ги погоди вистинските зборови, сегакош е тука кога ви треба утеха, нема ниту една работа за која што вие не мете да се потпрете на него, но важно е прашањето дали ги чувствувате искрите помеѓу вас? Секако дека нема да биде како во првите денови од врската, но ако имате работа со вистинска љубов, ќе ги почувствувате пеперутките, барем понекогаш и таа хемија која ве привлекла.

Дали делува совршено само на хартија?

Можеби имате уредно напишан попис со особините кои ги барате кај момчето, на хартија, украсена со срциња и можеби тој ги задоволува вашите наведени критериуми. Од степенот на образование, од односот со пријателите, амбициите до погледот на животот, но и покрај тоа, едноставно имате чувство дека сепак нешто недостасува. Да, тогаш веројатно е дека го сакате само со главата, но не и со срцето.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top