| четврток, 6 декември 2018 |

Русија ќе забрани извоз на жито

Руската влада претстави план со кој ќе го ограничи извозот на жито, во настојување да ги намали цените на домашниот пазар, кој моментно е разнишан со падот на рубљата и да ја обезбеди сопствената безбедност со храна.

– Имавме добра жетва, но истовремено, поради променливоста во движењето на рубљата, цените се многу поволни, а извозот значително порасна. Мораме да имаме минимални резерви, за да ја обезбедиме безбедноста со храна. Во таа смисла сметам дека е време да размислуваме за административно ограничување на извозот – изјави рускиот премиер Дмитриј Медведев.

– Мерката за ограничување на извозот на житарици во рок од 24 часа би требало да ја потпише Медведев – изјави потпретседателот на руската влада, Аркадиј Дворкович.

Тој додаде дека Русија од јули извезла 21 милион тон жито, а годинашните приноси се 104 милиони тони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top