Германските политичари вчера вечер доживеа уште еден тежок пораз откако на протестите во Дрезден се појавиja 17.500 демонстранти. Како што се тврди во полициските проценки за масовноста на протестот, се работи за најголем собир од почетокот на активностите на антиисламистите од движењето Пегида.
Од пред осум недели кога започнаа собирите на „Патриотските Европјани против исламизација на западот“ демонстрантите, како што објавија на Фејсбук, тврдат дека тие не сакаат насилство и дека се против судири на верска основа на германска територија.
Сепак нивнните тврдења не секогаш се почитуваат од страна на разните групи кои што ги поддржуваат протестите. На собирите што се одржуваат во Дрезден, Кесел, Бон, Минхен и други градови се појавуваат и умерени но и радикални неонацистички организации.
На социјалната мрежа Твитер дел од корисниците тврдат дека на протестите се слушале и антиеврејски слогани со што дополнително паднаа во вода тврдењата на организаторите дека демонстрациите не биле насочени против мирните граѓани на Германија туку само против радикални исламистички групи како Исламската држава и Ал Каеда. Извикување на антиеврејски пораки во Германија се кривично дело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Продолжија протестите ширум Бугарија, блокирани патишта и гранични премини
-
Судири меѓу полицијата и каталонски сепаратисти во Барселона: Има повредени и уапсени
-
Се судрија германски националисти и про-имигрантски групи во градот Хемниц: Девет лица се повредени
-
Се протестира во Молдавија за обединување со Романија