Граѓани од разни професии протестираат поради измените во законот за хонорарци пред Влада. Oд паркот „Жена-борец“ преку порта „Македонија“ и Министерството за труд и социјална политика, стигнаа пред Владата. Тие протестираа против воведувањето плаќање придонеси за пензиско и за здравствено осигурување и за хонорарците.
Учесниците во протестот сметаат дека со воведувањето на задолжителното плаќање придонеси и за хонорарците дополнително ќе се осиромаши најзагрозениот дел од работниците, односно оние што не можејќи да најдат редовно вработување се принудени да се борат за својата егзистенција работејќи за хонорар.
За разлика од нив, минатата недела Сојузот на синдикати на Македонија и девет гранкови синдикати при Конфедерацијата на слободни синдикати на одделни прес-конференции оценија дека со законските измени ќе се заштитат работничките права и ќе се зголеми социјалната сигурност на работниците.
Поддршка дадоа и од Сојузот на стопански комори според кои ќе се елиминира нелојалната конкуренција меѓу компаниите, а хонораците ќе добијат еднаков третман со работниците вработени на неопределено работно време.
Согласно законските измени од 1 јануари во системот на задолжително осигурување влегуваат и договорите за дело и авторски договори.
Фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.