| четврток, 6 декември 2018 |

Голем хуманитарен базар на здружението „Во мојот свет“

Во организација на „St. Paul’s“, првата меѓународна градинка на CEL Global и Здружението на граѓани за третман на лицата со Аутизам, АДХД и Аспергеров синдром „Во мојот свет“, се одржа хуманитарниот базар под слоганот „Подајте рака, допрете срце“. Собраните средства од настанот беа наменети за отворање на Дневен центар за деца со аутизам.

Humanitaren bazar (13)

– Пред сè би сакале да изразиме голема благодарност до главниот организатор како и до сите компании, организации и граѓани што се вклучија во базарот и на тој начин ја поддржаа неговата хумана мисија. Секаква помош и во која било форма, на нашето здружение му е добредојдена, но овој голем хуманитарен гест ги надмина сите наши очекувања и не постојат доволни зборови за да ја опишеме среќата што ја чувствуваме поради масовната поддршка за изградба на дневниот центар што без оваа иницијатива не би можеле да го реализираме – изјави Златко Стојановски, претседателот на Здружението „Во мојот свет“.

Humanitaren bazar (12)

Хуманитарниот базар беше поддржан од компаниите и организациите „Арс либрис“, „Слатко хоби“, ресторан „Пикок“, „Пријатели и родители“, „Вива сокови“, Стоматолошка ординација „Др. Нина“, „Систина“, „Просветно дело“ и „Накит – занаетчии“. Со продавање на дел од своите производи на штандови во трговскиот, ја поддржаа хуманитарната цел на настанот и средствата ги донираа во фондот на Здружението „Во мојот свет“.

Humanitaren bazar (1)

– Ни претставува големо задоволство што токму градинката St. Paul’s ја имаше честа да биде организатор на големиот хуманитарен базар под слоганот „Подајте рака, допрете срце“. Се надеваме дека овој наш пример ќе биде мотив и за останатите компании, за да ја покажат својата грижа и општествена одговорност кон лицата на кои им е најпотребна нашата поддршка. Успехот на овој голем хуманитарен настан се должи на сите лица, компании и институции што несебично ја понудија својата поддршка и земаа учество. Имаме само пофални зборови и огромна благодарност за нив изјави – Гарав Семвал, генерален менаџер на St. Paul’s.

Humanitaren bazar (3)

 

На настанот со свое обраќање излезе Амбасадорот на Бугарија во Македонија, Иван Петков, а со своја изведба се претставија учениците од градинката „St. Paul’s“, пејачката Рената Кралевска, виолинистката Анастазија Донева и танцовата група „Еурека“. Хуманитарниот базар го збогати и маскотите Медо Штедо и актерот Игор кои ги анимираа најмладите посетители, а за нивна загарантирана забава се погрижи креативниот центар „Ѕвезда“ и детската креативна работилница „Направи своја новогодишна честитка“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top