| четврток, 6 декември 2018 |

Пет работи кои мажите не ги сакаат кај жените

Sto-baraat-11

Иако многу топ модели би рекле дека мажите го губат паметот и со еден збор подготвени се да потрчаат зад секоја, која има големи гради и убав задник, анкетите покажуваат дека тоа не е баш така.

Сакате верувајте, ако сакате не, но мажите се премногу претенциозни кон нивниот избор. Истражувањата покажуваат дека должината на нозете, големите гради и задникот, не се доволни за да сериозно се привлече вниманието на мажите. Тие многу често обрнуваат внимание на деталите и се откажуваат од посериозен контакт, ако не им се допадне некоја ситница.

Постојат пет работи кои се многу важни за мажите и на кои жената треба да обрнува внимание. Во спротивно, убавината и раскошното тело, немаат шанса да го привлечат мажот,барем не и за сериозни врски.

sexy-astrology-kolku-ste-seksi-1

Премногу шминка

Темните сенки, јакиот кармин и килограми пудра, никогаш не изгледаат убаво. Мажите ги сакаат природните жени, а не оние кои си го фарбале лицето со часови. Ова се однесува и за парфемот, никој не сака да се гуши. Со еден збор, важна е умереноста.

Длабоко деколте и мини здолниште

Јасно е дека погледите на мажите се лепат по такви девојки, но ретко еден маж ќе покани таква девојка дома. Креветот е единственото нешто, поради кое мажите обрнуваат внимание на таквите девојки. Мажот сака кога жената изгледа секси само заради него. А кога сите гледаат што се нуди, тој нема да ве сфати сериозно, туку само како пиле за една ноќ.

Гласно зборување

Мажите сакаат жени кои умеат да се однесуваат во општеството, а не оние кои во друштво зборуваат најсилно и најчесто за разлика од останатите. Ако збрувате без запирање, не се изненадувајте дека мажите ве одбегнуваат. Вие ги одвратувате со постојаното брборење.

Озборувања

Тој ќе ги сослуша вашите озборувања, но тоа не значи дека навистина ќе му биде пријатно. Мажите не ги поднесуваат интригантките, бидејќи се чувствуваат непријатно во нивно друштво. Тие секогаш помислуваат дали и него го озборувате кога е отсутен.

Лагите

Мажите не сакаат девојки кои лажат. Ако мажот ја фати еднаш жената во лага, постојано ќе размислува дали таа не го излажала и друг пат. И веќе никогаш нема целосно да и верува.

streetstyle-shorts-stockholm-inspiration-outfit-fashion-blog

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top