„Викиликс“ објави два доверливи документи со инструкции на агенти на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА) како, додека се на тајна задача да ги „заобиколат“ безбедносните системи на меѓународните аеродроми.
Првиот документ, што датира од септември 2011 година ги советува оперативците како да се однесуваат при зголемена контрола на аеродромите, што подразбира претрес и детално испрашување, пренесува „Раша тудеј“.
Упатството укажува на значително играње на доследна, уверлива и добро извежбана улога, како и лажен профил на Интернет.
Вториот документ од јануари 2012 година содржи детално опишани постапки на погранична контрола во шенген зоната и различни мерки на електронска безбедност, вклучително Шенгенскиот информативен систем и датотеката на отпечатоци од прсти ЕУРОДАК.
Основачот на „Викиликс“ Џулијан Асанж објаснува дека овие документи покажуваат дека ЦИА, за време на администрацијата на Барак Обама, продолжува со планови за инфилтрирање преку границите на ЕУ и водење тајни операции во земјите од ЕУ.
Документите покажуваат зголемена загриженост на ЦИА поради ризикот што го претставува биометриската дата на податоци за идентитетот на агентот, што во САД се претставени по терористичките напади на 11 септември 2001 година.
„Викиликс“ во петокот објави извештај на ЦИА во кој се наведува дека акции што имаат за цел убиство, меѓу кои и напади со безпилотни летала, може да бидат ефикасни во некои случаи, но дека може да имаат и негативни ефекти, како што е вртење на локалното население кон бунтовниците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Уапсен албански државјанин кој со лажни документи сакал да излезе од Македонија
-
И заветот на Глигоров погазен: Јазикот и нацијата не гибајте ги
-
Новото име ќе значи промена на сите документи за Македонците
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија