Европскиот парламент кажа да на порнографијата. Тој денес одби да ги забрани сите облици на порнографија во регионот, вклучувајќи ги и содржините на интернет.
Од вкупно 625 членови на ЕП 368 гласаа за, наспроти 159. Од европарламентраците, 98 членови беа воздржани.
Сегментот кој влијаеше на контроверзната забрана за порнографијата беше отфрлена. Поради оваа одлука ќе биде многу тешко за комисијата која го поднесе барањето, повторно да состави нова забрана и да ја претстави пред ЕП.
Извештајот е направен добронамерно, за да се намали јазот меѓу половите во регионот и да се развие свест за овој проблем кој и денес е присутен во образованието, работните места и медиумите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.