Иако на стартот беше убеден дека Србија ќе ја совлада Хрватска во меѓусебниот фудбалски дуел, самопрогласениот пророк, Видовитиот Милан, се предомисли. Сега смета дека ќе победи Хрватска.
-Требаше да биде Србија, но откако Михо го изјави она за сексот, се менува – вели Видовитиот Милан, алудирајќи на изјавата на српскиот селектор Синиша Михајловиќ со која им порача на своите играчи да не се сексаат пред натпревар.
– Михо е тврдоглав човек. Хрватите ќеимаат секс, а на нашите им забрани и на натпревар ќе излезат неизживеани. Затоа ќе добијат многу картони – уверен е Милан.
За полесно да го поднесат поразот, тој на Србите им порачува да пијат многупиво и да јадат чипс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.