| четврток, 6 декември 2018 |

Секој месец на финансиската сцена се убиваат три топ банкари

bankari-samoubistvaГолема мистерија виси над финансиска сцена во светот, дури 52 врвни банкари умреле или биле убиени во изминатите 19 месеци. Само оваа година се убиени или загинаа 37 врвни банкари или три секој месец.

Црна серија започна во март 2013 кога со скокање низ прозорецот се самоуби Дејвид Роси, директор на банката Monte dei Paschi. Месец и половина подоцна со скок од воз во движење се самоуби Дејвид Вилијам Вајгуд, менаџер во HSBC Банка.

Посебно шокантна е смртта на американскиот банкар Шон Д.Мичер, кој е пронајден мртов во својата бања на 18 ноември оваа година.

Во почетокот на ноември во Белгија исчезна Герт Так (52), кој во една голема банка ги водел сметките на богатите. По еден месец, полицијата го пронајде телото на плажа во Остенд, а на него немало знаци на насилство.Иако се шпекулираше дека сакал да побегне со парите на своите клиенти, сепак днеговите колеги ја отфрлија таа теорија.

Пред една недела, лондонскиот инвестициски банкар Скот Јанг беше пронајден набоден на шило на оградата пред зградата во која живеел. Наводно скокнал од својот апартман во зградата, која се наоѓа веднаш до куќата каде некогаш живеел тапанарот на Битлси Ринго Стар. На полицијата и пожарникарите им биле потребни неколку часа за да го отстранат неговото тело од оградата, а медиумите следниот ден пишува дека тоа беше уште една сомнителна смрт, 37-ма оваа година.

На многу блогови веќе се прават теории на заговор за мистеријата што ја опкружува смртта на банкарите. Истото беше и во 2008 година, но тоа претежно беа самоубиства, пренесува Вечерни лист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top