| четврток, 6 декември 2018 |

Албанската полиција приведе 88 илегални имигранти

Migranti 06.06.2013Полицијата од јужниот албански град Ѓирокастро во две одделни акции приведе 88 илегални имигранти од Сирија и од Судан, јави дописникот на МИА од Тирана.

Во акцијата биле вклучени и припадниците на единицата за брзи интервенции. Во првата акција која била реалицирана во селото Глин биле приведени 41 илегален имигрант, додека во другата во близина на селото Мулир, во близина на преминот Какавија, на албанско грчката граница, останатите 47 илегалци.

Имигрантите, според полициски извори, влегле на албанска територија од Грција, а требало да го продожат патот кон Црна Гора, а од таму во некоја западноервопска земја.

Во последните неколку месеци зачестени се обидите на поголеми групи илегални имигранти да минат преку Албанија, во кои има и жени и деца.

Годинава албанската полиција има приведено над 2.000 имигранти, главно од Сирија, од Судан, од Еритреа, од Пакистан, а недоамна и десетина државјани на Конго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top