Во годишниот извештај за правата на малцинствата во Албанија, Народниот правобранител Игли Тотозани препорача подобрување на правната рамка, потоа ратификацијата на Европската повелба за регионални јазици, како и заштита од дискриминација на малцинствата. Укажувањето на правобранителот е во годината кога Македонците во неколку делови во Албанија по новата територијална поделба, со која процентуалната застапеност им е намалена, ја загубија можност за образование на мајчин јазик. Администрацијата во Тирана остана глува на барањатаза учење на мајќиниот македонски јазик.
-Постоењето на малцинствата во Албанија е историски факт. Ова постоење е признаено од државата во два вида на малцинствата, национално малцинство, вклучувајќи грчки, македонското малцинство и српско-црногорското малцинство и етно-јазични малцинства, вклучувајќи ги и влашки и ромското малцинство – го пренесуваат медиумите Тотозани.
Првата од низата препораки во извештајот е во врска со подобрување на правната рамка за заштита на малцинствата останува еден од главните прашања. Исто така потребно е да се започне и да заврши процесот на ратификација на Европската повелба за регионални и малцински јазици. Третата препорака има врска со подобрување на правната рамка за заштита од дискриминација.
Тотозани препорачува и соодветни мерки и зголемување на можностите за образованието на малцинствата, вклучувајќи го учењето на јазиците на малцинствата, унапредувањето и развојот на културниот идентитет на малцинствата. Потоа посочи на конкретни правни и административни мерки за да се подобри пристапот до домување, услугите за образование, социјални услуги и учество во јавниот живот, особено на ромското малцинство, но малцинствата и другите заедници во земјата.
Албанскиот Народен правобранител укажа и на спроведување на попис, чии што резултати и подгоТовка ќе бидат неспорните и прифатени од малцинствата и од другите заедници, со што ќе се даде вистинска слика на популацијата. Укажа и на потребата од создавање услови за зголемување на просперитетот во областите каде што живеат малцинствата и другите заедници, вклучувајќи и финансирање со посоодветен буџет за локалната самоуправа. Тотозани побара и зајакнување на улогата и активностите на сите државни институции во контекст на почитување на правата на малцинствата, особено на проширувањето на дејноста на независните институции во заштитата на човековите права и да ги поддржат со цел афирмација, признавање и почитување на човековите права на малцинствата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија