Генералното собрание на Обединетите нации го големо мнозинство ја усвои резолуцијата со која Израел треба да му плати на Либан над 850 милиони долари за штетите причинети од излевањето на нафта, предизвикано од израелскиот воздушен напад врз нафтени резервоари за време на војната со Хезболах во јули 2006 година.
ГС ја усвои резолуцијата, која нема задолжителен каратер, со 170 гласови „за“, шест „против“ и тројца воздржани. Против резолуцијата гласаа Израел, САД, Канада, Австралија, Микронезија и Маршалските Острови.
Во документот се наведува дека „еколошката катастрофа“ причинета од разурнувањето на резервоарите довела до излевање нафта, кое го погодило целото либанско крајбрежје, стигнувајќи дури до сирискиот брег и предизвикувајќи сериозно загадување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


