
Рускиот претседател Владимир Путин го покани севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун, на 9-ти мај идната година да присуствува на одбележување на 70 годишнината од победата на Русија над нацистичка Германија во Втората светска војна.
Портпаролот на Кремељ, Дмитриј Песков потврди дека поканата е испратена до лидерот на Северна Кореја, кој доколку ја прифати тоа би било прво негово излегување од државата од како стана лидер на државата.
Според наводите на Москва и е потребна Северна Кореја за да може да го зголеми извозот на природен гас во Јужна Кореја, односно „Газпром“ да изгради гасовод преку Северна Кореја.
Од друга страна на Пјонгјанг му е потребна поддршка од Русија, која што е постојана членка на Советот за безбедност при ОН со право на вето, поради меѓународните критики во врска со обвиненијата за прекршување на човековите права и нуклеарната програма.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Путин: Се повторува Југославија! Нападот на Сирија е брутално кршење на првата!
-
Не може секој да оди покрај него: Асад тргна заедно со Путин, но не стигна далеку (видео)
-
Кој е господин Адамов: Факти за Владимир Путин кои ретко кој ги знае
-
Средба Ердоган – Путин: Односите меѓу Русија и Турција се целосно обновени


