
Во рамки на политиките за отвореност и на јавност кон граѓаните, владата в недела ќе одржи отворена седница, која ќе се пренесува во живо преку медиумите.
Како што информира владиниот портпарол, Александар Ѓорѓиев, на оваа седница ќе се разгледаат повеќе од 100 точки, кои се досега пријавени, а во следниве два дена тој број се очекува да порасне.
– Ќе имаме точки од секој ресор, од секое Министерство, точки што ќе значат реализација на проекти, односно согледување на статусот на напредок во реализација на поединечни проекти или разгледување на извештај на ефектите за определен проект, кој е веќе завршен. Се разбира, и разгледување на планови и програми за реализација на идни проекти од сите области. Од областа на економијата, инфраструктурата, здравството, образованието, земјоделството и многу други проекти од кои ќе имаат корист сите граѓани на Македонија – рече Ѓорѓиев.
Следниот петок, на 26 декември, Владата организира и „Црвен тепих за граѓаните“. Досега, како што информира, се пријавени 200 лица, кои деновиве ќе бидат известени за терминот. Тие ќе можат да проследат дел од владините комисии, да поразговараат со надлежните, да дадат свои идеи, предлози и критики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


