Фирмите во Македонија, кои што сакаат да реинвестираат, и понатаму ќе имаат можност да не плаќаат данок на добивка. Тоа го имаме само ние и Естонија во Европа, што значи Репубика Македонија и натаму е земја со најповолен даночен систем во тој дел, изјави денеска вицепремиерот и министер за финанси Зоран Ставрески, одговарајќи на новинарски прашања за повторната обврска за фирмите од јануари за плаќање данок на добивка којашто нема да се реинвестира.
Според Ставрески, разговарано е со бизнис заедницата и постои согласност дека се исцрпени можностите за пролонгирање на плаќањето на данокот по тој основ од кој поради кризата беа ослободени во изминатите пет години.
– За данокот на добивка, тоа е регулатива којашто беше во сила во време на криза и Македонија беше единствена земја, која што во тие пет години, од 2009 до 2014 година, имаше таква поволна мерка за стопанството. Ние разговаравме со бизнис заедницата и неодамна и порано и од нивна страна постои согласност дека се исцрпени можностите за пролонгирање на таа мерка и оти во Република Македонија треба да почне да се оданочува добивката што нема да се реинвестира, изјави Ставрески, по потпишувањето договор за инвестиција на американски „Капкон“ во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Земјите на ЕУ губат 150 милијарди евра годишно од неплатен ДДВ
-
Важи и за плата и за пензија: Секој што има остварено приход, мора да се регистрира во системот Е-персонален данок
-
Коморите контра власта: Не е погоден момент за воведување прогресивно оданочување на личниот доход