Потпишан е договорот за легализација на американската инвестиција во Македонија на фирмата „Капкон аутомотив“ од областа на автомобилската индустрија и се очекува да почне со функционирање во вториот квартал од 2015 година.
Договорот го потпишаа генералниот извршен директор на американската компанија, Али ел Хаџ, директорот на Агенцијата за технолошко-индустриски развојни зони, Виктор Мизо, и заменик-директорот на Агенцијата за странски инвестиции, Климент Шеќеровски, во присуство на вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, министерот Владимир Пешевски и заменик- министерот за економија, Христијан Делев.
Американската компанија е од автомобилскиот сектор, за изработка на воздушни перничиња.
– Чест ми е да го поздравам доаѓањето на уште една реномирана меѓународна компанија за делови од автомобилската индустрија, особено бидејќи еден ваков важен инвеститор од голем број инвестициски дестинации ја одбра токму Македонија – истакна вицепремиерот Ставрески.
Тој посочи дека ова е уште еден успех благодарение на добрата политика на Владата за привлекување странски инвестиции и додаде дека странските инвестиции значат и работа за македонските граѓани и фирми.
Ставрески нагласи дека конкурентноста на Македонија е зголемена, а исто така и извозот и трговската размена се зголемени за 55 % за разлика од лани.
Генералниот директор на компанијата „Капкон“, Али ел Хаџ, изрази задоволство од можноста што му е дадена за Скопје да биде домот на нивната инвестиција и се надева на успешна работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Павлопулос: Нема да прифатиме своеволни толкувања на Договорот од Преспа
-
Заев: Македонско-грчката комисија ќе почне да работи откако ќе се ратификува Договорот од Преспа во двете земји
-
Каменос се закани дека ќе ја напушти владата, кога Договорот од Преспа ќе дојде во парламентот
-
Кувелис: Договорот од Преспа ќе биде ратификуван во грчкиот Парламент






