Обложувањето зема голем замав на Балканот, а од Србија доаѓа неверојатен податок за висината на данокот што државата го инкасира од игрите на среќа. Ќарот е 15 милиони евра за 2014 година според извештајот на Здружението на приредувачи на игри на среќа во Србија.
За да се намали обложувачката треска во Србија, постои Здружение на обложувачи кое препорачува методи за откажување. Најновата идеја која според претставници на Здружението дава добри резултати е пополнување на формулар за откажување. Обложувачите што сакаат да се откажат или заглавиле, можат да пополнат формулар, а потоа податоците преку посебна програма се проследуваат до сите обложувачки места. Со тоа автоматски на играчот што го пополнил формуларот не му ги примаат уплатните листови и влогови во ниту една обложувалница.
Обложувањето е мошне популарно и во Македонија, каде што допрва се очекуваат податоци за вкупниот данок што ќе се влее во државната каса за 2014 година. Од декември лани кај нас задолжително се плаќа данок од 10 проценти на секој добитен лист, а се оданочува добивката минус уплатата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.