Македонското малцинство во Бугарија нема да учествува на претстојните избори во Бугарија. Тоа повторно нема да ја има можноста да се бори за место во законодавниот дом, бидејќи организацијата на Македонците ОМО „Илинден“ – Пирин во моментов не гледа можност за такво нешто. Велат, законските одредби во Бугарија го прават нивното учество на изборите невозможно. Причина е незавршената промена на Законот за политички партии со што е невозможна регистрацијата на малцински политички партии. Проблем е и Изборниот закон според кој независен кандидат за да биде избран во Пиринска Македонија треба на половината од нејзината територија да собере 51 процент од гласовите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.