Руското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дела новите санкции на Европската унија, со кои се забрануваат инвестиции на Крим, се „апсолутно недозволиви“ и се дискриминирачки кон жителите на полуостровот во Црно Море, анектиран од Русија во март.
Брисел треба да знае дека Крим и Севатопољ се неделиви делови од Русија. Апсолутно е недозволиво секаква дискриминација против жителите на Крим и Севатопољ поради политизирани настани, се посочува во соопштението од руското МНР.
Во документот се наведува и дека Москва има право адекватно да реагира на ограничувачките мерки на ЕУ кон руските граѓани и правните лица.
Новите санкции се обид на ЕУ да ги казни жителите на Крим за нивниот избор во корист на Русија, се истакнува во соопштението од руското Министерство за надворешни работи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст