| четврток, 6 декември 2018 |

Д-р Арсовски: Превенција од рак на дојка е рано откривање и дијагностицирање

Во Ма­ке­до­ни­ја го­диш­но око­лу 700 же­ни за­бо­лу­ва­ат од овој кар­ци­ном, а се­дум­на­е­се­тго­диш­но де­вој­че е најм­ла­да­та па­ци­ен­тка со рак на дој­ка во Ма­ке­до­ни­ја. Нај­го­лемри­зик за оваа бо­лест се го­ди­ни­те и по­лот

Andrea Arsovski dr 4

Иа­ко октом­ври е ме­сец на бор­ба про­тив рак на дој­ка­та, струч­ња­ци­те сме­та­ат де­ка пре­ку це­ла го­ди­на тре­ба да се го­во­ри за оваа бо­лест со цел да се под­ги­не све­ста кај же­ни­те и ре­дов­но да се оди на прег­ле­ди.Не по­стои пре­вен­ци­ја од рак на дој­ка, пре­вен­ци­ја е ра­но откри­ва­ње и ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње на ра­кот на дој­ка.Бор­ба­та про­тив ра­кот на дој­ка­та мо­ра да се во­ди мул­ти­дис­цип­ли­нар­но и со ин­ди­ви­ду­а­лен при­стап кон се­кој од па­ци­ен­ти­те.

– Мул­ти­дис­цип­ли­нар­ни­от при­стап ги обе­ди­ну­ва спе­ци­ја­ли­сти­те и супс­пе­ци­ја­ли­сти­те ра­ди­о­ло­зи, па­то­ло­зи, хи­рур­зи, он­ко­ло­зи во на­ме­ра­та да се спа­сат што по­ве­ќе жи­во­ти и па­ци­ен­тот да мо­же да го про­дол­жи жи­во­тот со по­го­ле­ма са­мо­до­вер­ба, охра­брен, мо­ти­ви­ран и из­ле­ку­ван. Не­оп­ход­на е со­ра­бо­тка. Ка­ко до­кто­ри и спе­ци­ја­ли­сти сто­и­ме на ста­вот де­ка нај­до­бри ре­зул­та­ти во трет­ма­нот на ра­кот на дој­ка­та се по­стиг­ну­ва­ат со ра­но­то откри­ва­ње и со на­вре­ме­на­та ин­тер­вен­ци­ја – сме­та проф. д-р Ан­дре­ја Ар­сов­ски, то­ра­ка­лен хи­рург, стру­чен ди­ре­ктор во пр­ва­та при­ват­на бол­ни­ца „Ре-Ме­ди­ка“.

Во Ма­ке­до­ни­ја го­диш­но око­лу 700 же­ни за­бо­лу­ва­ат од овој кар­ци­ном, а се­дум­на­е­се­тго­диш­но де­вој­че е најм­ла­да­тапа­ци­ен­тка со рак на дој­ка во Ма­ке­до­ни­ја. Нај­го­лем ри­зик за оваа бо­лест се го­ди­ни­те и по­лот.

 

Октом­ври е ме­сец за бор­ба про­тив рак на дој­ка­та, но оваа бо­лест не из­би­ра, ги на­па­ѓа па­ци­ен­ти­те це­ла го­ди­на. Не­о­дам­на при­ват­но­то и јав­но­то здрав­ство про­мо­ви­раа 100 про­цен­ти под­др­шка во би­тка­та со оваа бо­лест. Ка­же­те ни не­што по­ве­ќе за кам­па­ња­та.

АРСОВСКИ: Ефе­кти­те од јав­но­то го­во­ре­ње за ова за­бо­лу­ва­ње се мно­гу по­зи­тив­ни, но иде­ја­та на кам­па­ња­та е да не би­де на­мен­ска са­мо во ме­се­цот на бор­ба про­тив ра­кот на дој­ка во октом­ври, ту­ку де­ка е до­бро таа буд­ност и таа ин­фор­ми­ра­ност да тра­ат пре­ку це­ла­та го­ди­на. Тоа е ед­ни­от ас­пект на кам­па­ња­та. Вто­ри­от ас­пект, што е, мо­же­би, исто тол­ку ва­жен, е при­ста­пот кон це­лос­на­та ди­јаг­но­стич­ка и те­ра­пи­ска про­це­ду­ра кај па­ци­ен­ти­те со рак на дој­ка. Еден од клуч­ни­те фа­кто­ри е мул­ти­дис­цип­ли­нар­ни­от при­стап. Во тоа се вклу­че­ни по­ве­ќе стру­ки: ра­ди­о­ди­јаг­но­сти­ча­ри, па­то­ло­зи, хи­рур­зи, он­ко­ло­зи, пла­стич­ни хи­рур­зи, пси­хо­ло­зи. Се оби­дов­ме да ѝ по­ка­же­ме на на­ша­та јав­ност де­ка ние тоа го пра­ви­ме, на­ви­сти­на, тим­ски, со кон­ти­ну­и­ра­на со­ра­бо­тка на си­те клуч­ни фа­кто­ри, сѐ со цел да по­стиг­не­ме по­до­бри ре­зул­та­ти во ле­ку­ва­ње­то и што по­ра­но откри­ва­ње на бо­ле­ста. Са­мо еден та­ков, кон­ти­ну­и­ран, ор­га­ни­зи­ран при­стап, пред сѐ, тим­ски при­стап на врв­ни струч­ња­ци од таа об­ласт, мо­же да до­ве­де до од­лич­ни ре­зул­та­ти во пог­лед на из­ле­ку­ва­ње на кар­ци­но­мот на дој­ка­та.

 

Andrea Arsovski dr

 

Струч­ни­те ли­ца сме­та­ат де­ка не по­стои пре­вен­ци­ја од рак на дој­ка, ту­ку де­ка пре­вен­ци­ја­та е ра­но откри­ва­ње и ди­јаг­но­сти­ци­ра­ње. Да­ли во Ма­ке­до­ни­ја има тренд за ра­но откри­ва­ње на овој кар­ци­ном?

АРСОВСКИ: Сѐ уште во одре­де­ни ла­ич­ки кру­го­ви, но, за жал, и во струч­ни­те кру­го­ви, се го­во­ри за пре­вен­ци­ја. Кај ова за­бо­лу­ва­ње, за жал, не по­стои пре­вен­ци­ја. Но, по­стои не­што што е мно­гу бит­но, а тоа е што по­ра­но откри­ва­ње, ду­ри и кај па­ци­ен­ти кај кои не­ма ни­ка­ков знак де­ка, мо­же­би, се ра­бо­ти за при­сус­тво на ва­кво за­бо­лу­ва­ње. Си­те овие ор­га­ни­зи­ра­ни актив­но­сти, кам­па­њи, не­за­вис­но од ко­го по­тек­ну­ва­ат, ја по­ди­га­ат све­ста, ја зго­ле­му­ва­ат ин­фор­ми­ра­но­ста, и све­до­ци сме де­ка тие кам­па­њи до­ве­ду­ва­ат до ус­пех. Ду­ри и фи­нан­си­ско­то ин­ве­сти­ра­ње во нив, на еден на­чин, е мно­гу евти­но, за­тоа што ефе­кти­те што се по­стиг­ну­ва­ат во ра­но­то откри­ва­ње и во по­чет­ни­от трет­ман и од фи­нан­си­ски ас­пект се мно­гу исп­лат­ли­ви. Се на­де­вам де­ка си­те овие актив­но­сти уште по­ве­ќе ќе ја зго­ле­мат свес­но­ста и кај па­ци­ен­ти­те и кај ле­ка­ри­те и ќе има­ме по­го­лем број па­ци­ен­ти што се откри­ва­ат во нај­ра­на фа­за и се из­ле­ку­ва­ат.

 

Во Ма­ке­до­ни­ја го­диш­но се откри­ва­ат но­ви 700 слу­чаи на за­бо­ле­ни од рак на дој­ка. Да­ли кај на­ши­те па­ци­ен­ти е раз­ви­е­на све­ста за са­мо­прег­ле­ду­ва­ње?

АРСОВСКИ: За жал, таа број­ка од 700 па­ци­ен­ти е де­лум­но про­из­вол­на, по­ра­ди тоа што не по­стои ре­ги­стар за за­бо­ле­ни од рак ка­де што цен­тра­ли­зи­ра­но ќе се вр­ши це­ла­та еви­ден­ци­ја и ста­ти­сти­ка. Но, сме­та­ме де­ка приб­лиж­но се ра­бо­ти за таа број­ка и за на­ша­та сре­ди­на ста­ну­ва збор за го­лем про­цент. Се­ка­ко де­ка си­те овие кам­па­њи ја по­диг­ну­ва­ат све­ста за са­мо­прег­ле­ду­ва­ње. Во нев­ла­ди­ни­те ор­га­ни­за­ции, во Цр­ве­ни­от крст се де­лат бро­шу­ри во кои има со­ве­ти, ле­ка­ри­те на јав­ни три­би­ни се оби­ду­ва­ат на па­ци­ен­тки­те да им ја пре­до­чат пред­но­ста од пер­и­од­ни са­мо­прег­ле­ди, ба­рем ед­наш во ме­се­цот, ка­де што се об­јас­ну­ва нај­до­бри­от на­чин на са­мо­прег­ле­ду­ва­ње. Сме­та­ме де­ка на долг пер­и­од и са­мо­прег­ле­ду­ва­ње­то ќе до­ве­де до по­го­ле­ма свес­ност и по­го­лем број откри­е­ни слу­чаи во ран ста­ди­ум.

 

Кол­ку е ви­сок про­цен­тот на ле­ку­ва­ње, ако кар­ци­но­мот е откри­ен во ра­на фа­за?

АРСОВСКИ: По­стои сло­же­на по­дел­ба во од­нос на ста­ди­у­ми­те. Ако кар­ци­но­мот се открие во нај­ра­ни­от ста­ди­ум, ко­га поч­ну­ва­ат кар­ци­ном­ски­те про­ме­ни, то­гаш се сме­та де­ка се ле­ку­ва ре­чи­си сто про­цен­ти. Во пр­ви­от, А-ста­ди­ум, кој е нај­ран, про­цен­тот на из­ле­ку­ва­ни е по­ве­ќе од 90. На­ши­от стре­меж е да се откри­ва ток­му во тие нај­ра­ни фа­зи, ко­га ни­ту се пал­пи­ра, ни­ту се чув­сту­ва кар­ци­но­мот.

 

Да­ли еден па­ци­ент из­ле­ку­ван од рак мо­же да за­бо­ли од друг кар­ци­ном? Да­ли и тие слу­чаи се ле­ку­ва­ат?

АРСОВСКИ: За жал, мно­гу ра­бо­ти во кан­це­ро­ге­не­за­та, во на­ста­ну­ва­ње на кар­ци­но­ми­те, сѐ уште не ни се до­вол­но поз­на­ти. Поз­на­ти се слу­чаи кај па­ци­ен­ти што има­ле кар­ци­ном на дој­ка, до­би­ва­ле и дру­ги ло­ка­ли­за­ции. Тоа што е важ­но е де­ка не­за­вис­но да­ли по­сто­јат вто­ро­сте­пе­ни про­ме­ни од кар­ци­но­мот на дој­ка­та или не­за­вис­но се по­ја­ву­ва не­кој друг кар­ци­ном, се пре­по­ра­чу­ва кај па­ци­ен­ти­те што по­ми­на­ле низ овие трет­ма­ни ре­дов­ни, пер­и­о­дич­ни кон­тро­ли. По­стои про­то­кол со ко­ја фре­квен­ци­ја и ка­кви кон­тро­ли се пра­ват, сѐ со цел евен­ту­ал­ни, вто­ро­сте­пе­ни про­ме­ни или не­ка­кви дру­ги про­ме­ни да се откри­јат во што по­ра­на фа­за ко­га, исто та­ка, ре­зул­та­ти­те од ле­ку­ва­ње­то се на­ви­сти­на до­бри.

 

Од рак на дој­ка не за­бо­лу­ва­ат са­мо же­ни­те, ту­ку и ма­жи­те. Што ве­лат број­ки­те, кол­ку­ми­на Ма­ке­дон­ци за­бо­ле­ле од рак на дој­ка?

АРСОВСКИ: Би­деј­ќи не­ма­ме ре­ги­стер, не го знам точ­ни­от број на ма­жи за­бо­ле­ни од рак на дој­ка. Се­ка­ко, ма­жи­те по­ре­тко за­бо­лу­ва­ат. Спо­ред одре­де­на ста­ти­сти­ка, на 100 же­ни еден маж за­бо­лу­ва од рак на дој­ка. Во Ма­ке­до­ни­ја тоа не е слу­чај. Мој ли­чен впе­ча­ток, што тре­ба да го зе­ме­ме со ре­зер­ва, е де­ка на 200 до 300 кар­ци­но­ми кај же­ни­те, има еден маж што за­бо­лу­ва од оваа бо­лест.

 

По­сто­јат по­ве­ќе ми­то­ви за ра­кот на дој­ка­та: кон­тра­цеп­ци­ја­та, нас­лед­ни­от фа­ктор, ис­хра­на пол­на со мас­но­тии, не­пра­ве­ње ма­мо­гра­фи­ја би­деј­ќи тоа пре­диз­ви­ку­ва рак и слич­но. Што е ви­сти­на, а што е мит?

АРСОВСКИ: Не­пра­ве­ње­то, од­нос­но пра­ве­ње­то ма­мо­гра­фи­ја ап­со­лут­но не е ни­ка­ков фа­ктор на ри­зик. За­тоа и се знае во ко­ја во­зраст се пра­ви, да­ли е тоа ма­мо­гра­фи­ја за ске­ни­ра­ње по 40-та­та го­ди­на, иа­ко, ако по­сто­јат ин­ди­ка­ции, тоа мо­же да се пра­ви и кај пом­ла­ди па­ци­ен­тки. Осо­бе­но но­ви­те апа­ра­ти се со ми­ни­мал­ни до­зи на зра­че­ње, та­ка што тоа ап­со­лут­но тре­ба да го отфр­ли­ме. Ма­мо­гра­фи­ја тре­ба да се пра­ви та­му ка­де што има по­тре­ба од тоа. Хор­мо­нал­ни­те про­ме­ни, на­чи­нот на ис­хра­на, на­чи­нот на жи­ве­е­ње, стре­сот, во­зра­ста – се­то тоа се фа­кто­ри на ри­зик, кои тре­ба да се из­бег­ну­ва­ат. Ту­ка спа­ѓа­ат  и кон­тра­цеп­ци­ја­та, хор­мо­на­ли­те про­ме­ни, ра­на­та мен­стру­а­ци­ја, доц­на­та ме­но­па­у­за, кои кај одре­де­ни па­ци­ен­ти ја зго­ле­му­ва­ат фре­квен­ци­ја­та на по­ја­ва. За жал, не мо­же да ги откри­е­ме точ­ни­те при­чи­ни­те­ли. Си­те овие фа­кто­ри на ри­зик е по­жел­но да ги из­бег­ну­ва­ме, ме­ѓу­тоа во со­вре­ме­ни­от на­чин на жи­вот не мо­же­ме да се изо­ли­ра­ме.

 

Целиот разговор во видеото на Република ТВ.

(Разговараше: Але­ксан­дра М. Бун­да­лев­ска |
Фото: Александар Ивановски
Текст објавен во 119. број на неделникот „Република“, 12.12.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top