Папата Франциск и светата столица имале важна посредничка улога во историското приближување на САД и на Куба, кое беше најавено вчера, изјави висок американски дипломат.
Папата летото испратил личен апел до Барак Обама и до Раул Кастро, а Ватикан ги примил амбасадорите на двете земји за да го довршат приближувањето, рекол дипломатот.
По средбата со Обама на почетокот на годинава, папата Франциск решил да испратил личен апел што е многу ретка ситуација, колку што знам никогаш не сме имале ваков облик на комуникација со папата, образложил дипломатот.
Директните преговори меѓу САД и Куба ги одобрил Барак Обама пролетта, а првата средба се случила во јуни. Двете страни продолжиле со преговори до ноември. Преговорите биле заклучени на средбата на амбасадите на двете земји организирана во Ватикан. Кубанските власти во средата од хуманитарни причини на барање на Вашингтон го ослободиле Американецот Алан Грос кој беше затворен од 2009 година. Грос (65) е разменет за тројца Кубанци кои биле во затвор во САД.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.