Високата претставничка на ЕУ за безбедност и за надворешна политика Федерика Могерини по повод постигнувањето на договорот меѓу САД и Куба за повторно воспоставување односи изјави дека тоа е почеток на падот на уште еден ѕид, како и дека отворањето на можноста Американците и Кубанците да ја засилат соработката е историска пресвртница.
Могерини во соопштението вели дека објавувањето на претседателот на САД Барак Обама за новите мерки кон Куба се долгоочекувана промена во затегнатите односи меѓу карипската островска држава и нејзиниот северноамерикански сосед, поради што, како што вели Могерини, таа му честитала на американскиот државен секретар Џон Кери.
Во соопштението се додава „кубанската реакција на американското соопштение не охрабрува да бидеме оптимисти во поглед на вистинските промени“ и го нагласува очекувањето од новиот почеток на односите меѓу Куба и САД во интерес на кубанскиот народ и на неговите многубројни пријатели во САД.
– Овој чекор покажува победа на дијалогот над конфронтацијата. Благодарам на мудроста и инспирацијата, неговата светост, папата Франциск – вели Могерини.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.