| четврток, 6 декември 2018 |

Камерон: Русија не може да остане членка на светскиот финансиски систем

Dejvid-Kameron1

Премиерот на Велика Британија Дејвид Камерон изјави дека Русија не може да остане членка на светскиот финансиски систем, пренесува „РИА новости“.

– Моментната ситуација во државата (наглиот пад на курсот на рубљата) е предизвикана од комбинираното влијание на цените на нафтата и на санкциите. Тоа не ѝ дозволува на Русија да остане членка на светскиот финансиски систем. Ние ќе настојуваме на зголемување на притисокот – изјави Камерон за време на својот говор во парламентот.

Премиерот бара засилување на притисокот врз руските власти и воведување нови санкции против Москва.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top