НАСА можеби пронајде доказ за живот на Марс, објави американската вселенска агенција. Имено, ровер „Кјуриосити“ открил мистериозен раст на концентрацијата на метан во атмосферата, за кој геолозите, а ниту останатите теоретичари, немаат едноставно објаснување. Научниците сеуште не се сигурни што ги предизвикува овие изненадувачки порасти, но можно е до нив да доаѓа поради многу ситните бактериски организми. На Земјата дури 95 проценти метан го произведуваат микробите.
Ако овој плин на Марс навистина го произведуваат живи суштества, односно микроби, тоа би значело дека човештвото стигнало до еден од најголемите откритија во историјата. Научниците дошле до овие податоци благодарение на посебни инструменти на роверот „Кјуриосити“ кои во последниве 20 месеци ги земале и ги анализирале примероците од атмосферата. Кон крајот на 2013 година и почетокот на 2014 во четири наврати степенот на метан на две оддалечени места изнесувал 7,2 честички на милијарда волумен, а пред и по тие изненадни скокови, концентрацијата на метан изнесувала една десеттина од тој степен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.