Изреката „жена трофеј“ сега добива потполно ново значење. Младите, згодни, и убави женички кои покрај своите многу постари и богати мажи, кои ги сметаа за трофеј, повеќе не се во мода. Сега се по популарни се „нови жени трофеи“.
Мажите, посебно оние успешните, богатите и згодните и понатаму покрај себе сакаат атрактивни, згодни жени, меѓутоа тоа веќе не се необразувани лепотици, чија функција е само да изгледаат добро покрај нив и да не изустат ниту збор, туку денес во мода се оние успешните, кои убаво заработуваат и се наоѓаат на моќна позиција.
Жените кои благодарение на својот убав изглед, стапиле во брак со спонзори, заменети се со жени кои се еднакви на нив, не само на сумата пари која ја заработуваат, туку и поради нивната моќ и успешна кариера. Тоа е денес секси.
Антропологот, доктор Стефан Хуан во една телевизиска емисија рекол дека „жена трофеј“ сега е минато.
„Еден навистина силен маж, сака жена која е иста како него, силна во секоја смисла на зборот. Слабиот маж покрај себе сака послушна жена и слугинка. Кога мажот покрај себе сака жена, само да стои и да трепка, тоа е знак на нивната несигурност. Сопругата може да биде убава, интелегентна и да има своја кариера, како и свое мислење“, кажува доктор Хуан.
Деновите кога најмногу беа постари и богати мажи, оженети со барбики, послушни жени, без кариера и кои се омажле со нив само поради пари, полека остануваат позади нас. Образованите, интелегентни жени сега се избор на мажите.
Мозокот е новата убавина!
Кога се ожени Марк Цукерберг со својата љубов од средношколските денови, тој не се оженил поради нејзината убавина. Таа има завршено Медицински факултет и има многу успешна кариера. Тоа е показател на една многу моќна двојка.
Наречете го тоа издигнување на алфа жените или можеби само почеток на една нова ера во врските, доаѓањето на новата жена трофеј која е успешна поради своите квалитети како во салите за состаноци, таа подеднакво е добра и во спалната соба.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.