| четврток, 6 декември 2018 |

Кадија те тужи, кадија те суди, ФИФА ги амнестира Катар и Русија од обвиненијата за корупција

ФИФА донесе одлука што индиректно ѝ оди во полза со одбивање на жалбата на обвинителот Мајкл Гарсија на извештајот на етичката комисија со кој Русија и Катар беа ослободени од обвинение дека со помош на поткуп и корупција ги добиле организациите на фудбалските мундијали во 2018 година и во 2022 година.

Етичката комисија на ФИФА пресуди дека нема ништо незаконско во процедурата за Русија 2018 и за Катар 2022, Гарсија се жалеше, а ФИФА му ја одби жалбата како неоснована.

fifa qatar

Поинаков исход веројатно никој и не очекуваше ако се знае дека неколку членови на ФИФА, односо претседатели на фудбалски федерации беа осомничени за примање поткуп за да гласаат за Русија и за Катар. По принципот кадија те тужи, кадија те суди ФИФА си ги заштити своите членови и им даде зелено светло на двете земји-домаќини на идните светски првенства во фудбал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top