Фотографот на „Република“, Ѓорги Личовски, е овогодишниот добитник на наградата „Жан Моне“ за 2014 година за новинарство, професионална фотографија и аматерска фотографија. Наградата ја прими неговиот син. Личовски во моментот е на службено патување во Хрватска, каде што го фотографира женското Европско ракометно првенство.
Годинешен добитник на наградата за новинарство е слободниот новинар Синиша Станковиќ, а за најдобра аматерска фотографија Виктор Поповски.
Наградата „Жан Моне“ се доделува по 12. пат. Се состои од мали статуетки и парична награда од илјада евра за професионална најдобра фотографија, илјада евра за најдобар напис и 500 евра за најдобра аматерска фотографија. Во присуство на амбасадор Аиво Орав, наградите на добитниците им ги додели претседателот на жирито, Борис Дежуловиќ, познат хрватски новинар и добитник на европската награда за најдобра колумна.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст