| четврток, 6 декември 2018 |

Оригинални дресови од Македонија по промотивни цени до вашата домашна адреса

500dres-615x400

Фудбалската федерација на Македонија официјално ја пушти во употреба електронската верзија на продавница за дресови и сувенири од фудбалската репрезентација на Македонија.
– Преку www.fanshop.ffm.mk, можете да го порачате оригиналниот дрес на нашата репрезентација, а истиот ќе биде доставен до вашата домашна адреса – информираат од ФФМ.

Наскоро во понудата освен основните производи ќе може да се најдат маички, тренерки и друга спортска опрема со обележјата на македонската репрезентација, како и шалови, капи и останати производи.

Во пресред на новогодишните и божикните празници дресот на македонската репрезентација од германскиот производител на спортска опрема JAKO може да го купите по промотивна цена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top