| четврток, 6 декември 2018 |

Ученици жртви на вооружениот напад од талибанците

Дваесетина деца се жртви, а околу 40 повредени во вооружениот напад на талибанците врз училиште во пакистанскиот град Пешавар.

Талибанците држат во заложништво околу 500 ученици и професори, јавуваат светските медиуми.

peshawar-pakistan-vojna-skola-napad-reuters-main

Во школото се слушаат пукотници, околу зградата се распоредени војници, а брзата помош ги превезува повредените ученици.

Портпаролот на талибанците, Мухамед Курасани, во телефонски повик до пакистанските медиуми ја превзел одговорноста за овој напад.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top