| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 18 убиени и 500 заложници во талибански напад на училиште во Пакистан

zx450y250_2438744

Најмалку 18 лица се убиени, а околу 500 ученици и наставници се земени како заложници во училиште во пакистанскиот град Пешавар, соопштуваат светските агенции. Шестмина вооружени напаѓачи, преоблечени во воени униформи, влегле во училиштето управувано од армијата. Дописник на агенцијата „Ројтерс“ јавил за пукање во внатрешноста на зградата. Воените сили го опколиле училиштето, хеликоптери кружат околу него, а амбулантни возила ги носат повредените, претежно деца, кон блиските болници.

Пакистанските талибанци ја презедоа одговорноста за нападот. Нивниот портпарол Мухамед Умар Хорас изјави за „Ројтерс“ дека камикази влегле во училиштето и дека имаат инструкции да не им наштетат на децата, туку да го нападнат армискиот персонал.

zx450y250_2438745

Неименуван портпарол на талибанците за „Би-Би-Си“ изјавил дека нападот е одговор на воените операции против бунтовниците. Британските медиуми потсетуваат дека при неодамнешната акција на армијата во Северен Вазиристан, како и во блискиот регион Хибер, биле убиени стотици талибанци.

Очевидци пред локалната телевизија „Гео“ велат дека напаѓачите влегле во најголемата просторија во училиштето каде што армиски тим спроведувал обука за давање прва помош. Според извори на агенцијата „Ројтерс“, тогаш се одржувале и испити. Над 20 ученици и наставници се пренесени во најблиската болница во Пешавар, многумина се во критична состојба. Возачот на училишниот автобус Џамшед Хан вели за „Ројтерс“ дека одеднаш слушнал пукање, настанал хаос, а учениците и наставниците врескале.

zx450y250_2438746

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top