| четврток, 6 декември 2018 |

Кој е екстремистот што ја крена Австралија на нозе?

Hostage-taker identified as Man Haron Monis

Киднаперот Ман Харон Монис (50), кој држеше во заложништво 17 луѓе во кафуле во Сиднеј, е верски свештеник од Иран, кој имал дебело криминално досие.

Монис дошол во Австралија во 1996 година како азилант. На австралиските власти им кажал дека ја напуштил татковината затоа што бил прогонуван од тамошните власти поради неговиот либерален начин на интерпретирање на исламот. Меѓу другите притосоци, режимот во Техеран ги притворил неговата сопруга и дете. Азил добил во 2001 година.

За време на престојот во Австралија се соочил со повеќе од 50 пријави и обвиненија за сексуални и непристојни напади, а бил осуден и за испраќање писма со навредлива содржина на семејствата на убиените австралиски војници во операциите во Авганистан. Монис, кој себеси се нарекувал „Шеикот Харон“ во писмата ги нарекувал убиените војници „валкани свињи“, а од семејствата барал да бараат повлекување на австраликсите трупи од Авганистан. Тој во судскиот процес себеси се опишал како мировен активист, но сепак бил осуден на 300 часа општествено полезна работа.

Против него биле поднесени обвиненија за серија насилни напади, вклучувајќи и обвинение за соучество во убиството на неговата поранешна сопруга. Нолин Хајсон Пал била убиена во април минатата година. Прво била прободена со нож, а потоа и застрелана. Првоосомничена за убиството била новата партнерка на Монис, Амира Друдис, а свештеникот бил осомничен дека ѝ помогнал во делото.

Сепак, четири недели подоцна двојката се нашла на слобода затоа што властите немале доволно силни докази. Монис ги обвинил австралиските и иранските власти дека сакале да му подметнат убиство. Во јануари годинава протестирал пред судот во Сиднеј со обвиненија дека бил малтретиран додека бил во притвор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top