| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќето од Американците веруваат дека измачувањата од ЦИА се оправдани

Повеќето од Американците, односно 51 отсто, сметаат дека е оправдано користењето на тортура за време на сослушување лица осомничени за тероризам, додека 29 проценти не ги оправдуваат методите, кои ги користела американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), соопшти синоќа Центарот за истражување „Пју“.

Околу 56 отсто од Американците сметаат дека употребата на тортура придонела за откривање информации со кои се спречени терористички напади, 28 имаат спротивно мислење, додека 16 отсто немаат никаков став за ова прашање.

Вкупно 42 отсто од Американците веруваат дека одлуката на Сенатот за објавување на извештајот за ЦИА е добра, додека 43 отсто ја сметаат за лоша.

Американскиот Сенат минатата недела објави извештај во кој ги опишува техниките за измачување на притворените лица осомничени за тероризам, кои ги спроведувале агентите на ЦИА.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top