| четврток, 6 декември 2018 |

Руските амбасадори во Шведска и во Данска да го објаснат инцидентот над Балтичко Море

voen avionШведска и Данска ги повикаа амбасадорите на Русија за да добијат објаснувања за однесувањето на руските воени пилоти, кои за малку не се судрија со патнички авион над Балтичко Море.

Во петокот над Малме авион на скандинавската авиокомпанија САС за малку не се судри со руски авион по полетувањето од Копенхаген. Руски авион летал без вклучени транспондери, што го направило невидлив за другите авиони.

– Се надевам дека ќе можеме да постигнеме договор со Русите, за да се обидеме да го ограничиме тој вид летови – изјави шефот на данската дипломатија Мартин Лидегор.

– Целосно неодговорно е да се изложува на опасност животот на мирните граѓани – додаде тој.

– Вчера се поврзавме со амбасадата на Русија и средбата ќе се одржи денеска – изјави во Брисел шведската министерка за надворешни работи Маргот Валстром.

Москва вчера соопшти дека нејзиниот воен авион поминал на над 70 километри од цивилен авион, без да има ризик од судирање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top