| четврток, 6 декември 2018 |

Изгаснат пожарот кај Поштата во Скопје

Пожарот кој избувна попладнево во зградите на Македонски пошти во Скопје е изгаснат.
Скопската противпожарна единица ги ангажирала сите свои расположиви сили за да се угасне пожарот. Тој избувна околу 16.30 часот и ја зафати главната купола. Пожарникарите пристигнаа со девет возила, а до поштата се паркираа и две амбулатни возила. Полицијата го блокираше мостот „Гоце Делчев“. Чадот се издигаше скоро 50 метри и исфрлаше изгорени парчиња од Поштата на стотина метри наоколу. Пожарот го гаснеа и цистерни на ЈП Водовод и канализација.
На лице место дојдоа градоначалникот Коце Трајановски и министерот Миле Јанакиевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top