| четврток, 6 декември 2018 |

Шпионска афера во Норвешка

norveska

Норвешката полиција анализира шпионска опрема пронајдена во центарот на Осло.

Полицијата ги предупредила локалните политичари дека е можно телефонските разговори да им биле прислушувани бидејќи во центарот на главниот град се откриени прислушни апарати.

Соопштението е дадено откако норвешки медиуми објавија дека прислушни направи се откриени во нелегални станици на мобилни оператори.

Според „Афтенпостен“, откриена е апаратура со која може да се прислушкуваат разговори и да се следат луѓе. Еден од апаратите е толку сложен и скап што, најверојатно, е поставен од држава, наведува весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top