Антонија и Џовани, кои се вљубиле како тинејџери, биле разделени од Втората светска војна, но благодарение на интернетот, по дури 70 години тие повторно се сретнале, пишува римскиот весник „Република“.
Во минатиот век, Џовани морал да замине на фронтот и ја напуштил својата сакана Антонија. Потоа бил заробен, а кога, конечно, се нашол на слобода не можел никако да ја најде својата љубена. Мислејќи дека нејзиниот Џовани заминал засекогаш, Антонија се омажила за друг, со кого има две деца. Џовани по некое време, исто така, основал семејство.
Но, Антонија Готифреди и Џовани Молинари, кои денеска имаат 89, односно 86 години, успеале да се пронајдат благодарение на „Фејсбук“. Двајцата вдовци посегнале по модерната технологија за да најдат сродни души, не заборавајќи ја љубовта од младоста.
Антонија вели дека Џовани останал романтичен како што бил во младоста. Ми подари многу рози и ме покани во ресторан, наведе таа.
Двојката конечно го кажаа судбоносното „да“ на свадба која изминатиов викенд се оддржа во Белано во северниот дел на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


