Македонската пејачка Елена Ристеска синоќа во шоуто „Твоето лице звучи познато“ настапи во улогата на Кармен. Елена повторно имаше одличен настап иако само неколку часа пред настапот примала инјекции поради воспаление на грлото.
– Браво. Ова е многу тешко да се изведе. Морам да кажам дека си болна и пред неколку часа прими инјекции за да можеш да се појавиш вечерва овде. Честитки за успешниот настап – рече членката на жирито Марија Михајловски.
Пофални зборови упатија и останатите членови од жирито, а Иван Ивановиќ откри дека ужива додека ја гледа Елена како танцува.
– Ти имаш некоја посебна енергијa, заведуваш на сцена и има специфична женственост во тебе. Уживам секогаш кога те гледам – рече водителот, а Елена се надоврза и додаде дека задоволството е обостранo.
Во следната емисија Елена ќе настапи во улогата на пејачката Сија. Победник во вчерашната емисија беше актерот Иван Јевтовиќ
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.