| четврток, 6 декември 2018 |

Чоколадна торта со бадеми

torta-od-badema-6

Ова е една слатко-горка торта без брашно. Бадемите може да се заменат со мелени лешници. Тортата се подготвува брзо и едноставно и е идеална за новогодишните празници.

Состојки:

2 лажици путер

1 лажица какао прав

половина шолја ситно мелени бадеми

100 грама шеќер

90 грама чоколадо

125 грама јогурт

4 лажици шеќер

2 жолчки

1 лажица ванилин шеќер

1/4 лажичка екстракт од бадем

5 белки

1.4 лажичка сол

1 лажица пржени сецкани бадеми

Подготовка

Загрејте ја рерната на 180 степени. Калапот за торта премачкајте го со путер и посипете какао. Бланшираните бадеми промешајте ги со две лажици шеќер. Во сад на пареа згответе ги чоколадото и путерот. Потоа смесата префрлете ја во поголем сад и додајте ги бадемите, јогуртот, шеќерот, жолчките, екстрактот од ванила и екстрактот од бадемот. Промешајте.

Белките изматете ги со малку сол, потоа додајте го остатокот од шеќерот и матете додека не се направи цврст снег од белки. Со лажица, постепено додавајте ги белките во чоколадната смеса и потоа целото тесто сипете го во калапот за печење. Печете во загреана рерна 30-40 минути, додека не се крене тестото. Откако ќе се олади тортата на собна температура, посипете ја со пржени листови од бадем.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top