Некогашната мис на Југославија, Јелена бин Драи, денес е успешна деловна жена во Дубаи, омажена за тамошниот шеик Саид бин Драи.
Во интарвју за српски „Блиц“, Јелена открива дека нејзиниот сопруг ѝ е најголема поддршка во животот и смета дека е единствената жена во неговиот живот затоа што, иако по тамошните закони тој би можел да има повеќе жени, тој е во брак само со неа.
– Среќна сум што го имам. Повеќе години поддржува сѐ што сакам и што ме прави среќна, а тоа е меѓу другото хуманитарна рбота. Никогаш не ми рекол „не“ кога сум барала пари, како и Арапите воопшто – изјави Јелена низ насмевка.
За својата хуманитарна работа скромно зборува. Вели дека тој што дава не треба да се фали, а сѐ што прави го прави од срце.
– Не правам разлика меѓу Србија или која било земја кога станува збор за хуманитарна работа. Моите деца потекуваат од мешовит брак, од мајка православна христијанка и од татко муслиман, така што за мене во таа смисла не постои никаква граница што се однесува до верата, културата, бојата на кожата и националноста – вели Јелена, која открива и дека во иднина сака уште повеќе да им помага на оние на кои тоа им е потребно.
Јелена заминала во Дубаи пред 13 години, кога се вљубила во Саид бин Драи, син на некогашниот министер за протокол. Заедно имаат три деца, ќерката Асја и синовите Хамдан и Хилал.
Пред неколку месеци во интервју за српски „Хелоу“, таа откри и дека по сите години живот во Емиратите ѝ недостасува родната Србија.
– Во Србија се моите корени, мојата крв, но домот ми е овде, каде што ми се децата и сопругот. Родниот Жабаљ, за жал, не го посетувам често како некогаш. Со три деца многу ми е напорно да патувам, па моите родители и најблиските пријатели доаѓаат во Дубаи два или трипати во годината. Мојот брат и неговата споруга, исто така, живеат во Емиратите – откри Јелена во таа пригода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.