Рокот за поднесување барање за приватизација на дворните места по цена од едно евро за метар квадратен завршува денеска.
Барање за приватизација може да поднесат граѓани или фирми кои правото на користење на градежното земјиште го имаат стекнато со правна основа (закон, тапија, судска пресуда, договор за купопродажба, решение за наследство, одлука на надлежен државен орган), по основ на сопственост на објект стекнат со правна основа заклучно со септември 2001 година, а не се запишани како корисници на земјиштето во катастарот на недвижности.
Да го откупат дворното место имаат право и граѓани кои биле сопственици на земјиштето на денот кога земјиштето е национализирано, граѓани на кои им е пренесено правото на користење на градежното неизградено земјиште во периодот до 15 февруари 1968 година, наследници на поранешните сопственици, граѓани кои правото на користење на земјиштето го стекнале врз основа на договор за дар, договор за доживотна издршка и договор за располагање со имот за време на живот, кои договори се склучени меѓу поранешниот сопственик и неговите законски наследници.
Барање може да поднесат и поранешните сопственици на градежното земјиште и физичките и правните лица кои за стекнатото право на користење платиле надоместок, а кои со важечките акти за урбанистичко планирање е наменето за добро во општа употреба, а намената во моментот на одлучувањето не е реализирана, како и физички и правни лица корисници на градежно изградено земјиште на кое се изградени станови, деловни простории, гаражи и други посебни делови од станбени и деловни згради што имаат два или повеќе станови, односно деловни простории.
Агенцијата за катастар на недвижности во период од најмногу една година, по истекот на рокот за поднесување барања за приватизација, ќе ги избрише сите кориснички права кои се евидентирани на градежното земјиште и истовремено ќе ги прибележи поднесените барања за приватизација, за кои одделенијата на Управата за имотно правни работи ќе ја продолжат постапката за приватизација на земјиштето.
Сите физички и правни лица кои немаат поднесено барање за приватизација, а нема да поднесат ниту до 15 декември годинава, ќе бидат обврзани да плаќаат закупнина за земјиштето на кое до наведениот рок биле евидентирани како корисници, односно го користеле земјиштето по основ на објект изграден врз него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст