| четврток, 6 декември 2018 |

Бугарија ги одложи реформите на пензискиот систем

Ивајло КалфинБугарскиот министер за труд и социјална политика Ивајло Калфин ги прифати аргументите на синдикатите и се согласи на продолжување на преговорите за реформата на пензискиот систем до 31 март 2015 година. Како што соопшти бугарското Министерство за труд и социјална политика, ваквиот договор бил постигнат на денешната средба на Калфин со претставници на синдикатите.

На средбата е потпипшан Меморандум за разбирање, со кој бугарската Влада се обврзува дека во текот на 2015 година нема да има ново зголемување на старосната граница за заминување во пензија. Со Меморандумот е утврдено дека во текот на идната година старосната граница за заминување во пензија ќе се зголеми за четири месеци, како што е предвидено со актуелниот закон и се остава простор за преговори за решавање на спорните прашања до крајот на март.

Владините најави за реформи во пензискиот систем и за зголемување на старосната граница за заминување во пензија, изминативе денови предизвикаа масовни протести низ бугарските градови во организација на водечките синдикати.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top