| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски-Ал Басам: Саудискиот фонд за развој подготвен за поддршка на инфраструктурни проекти

DSC_8482Премиерот Никола Груевски денеска во рамките на посетата на Кралството Саудиска Арабија, во Ријад оствари средба со директорот на Саудискиот фонд за развој Јусуф Бин Ибрахим Ал Басам, на која се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка, трговската размена и соработката на полето на инвестициите.

DSC_2537Саудискиот фонд за развој е финансиран и основан од страна на државата Саудиска Арабија и е насочен кон финансирање проекти чија цел е потикнување на развојот и унапредување на соработката.

DSC_2547Како што соопшти владината прес-служба, премиерот Груевски изрази задоволство што има прилика да ја посети Саудиска Арабија и истакна дека постојат можности двете држави да работат на искористување на потенцијалите особено во сферата на економијата. Тој го запозна соговорникот со мерките и реформите кои ги презема државата за поттикнување и одржување на економскиот развој, насочени кон привлекување на странски инвестиции и финансирање на проекти од инфраструктурен карактер.

DSC_8421Премиерот посочи дека Република Македонија во моментот е насочена кон инвестирање и изградба на три автопати и нова железничка линија за поврзување со источниот сосед Бугарија. Истовремено истакна дека земјата инвестира и вложува во полето на медицината, земјоделството и образованието.

DSC_8373Директорот на  Саудискиот Фонд за развој, Јусуф Бин Ибрахим Ал Басам го запозна премиерот Груевски со активностите на работа на Фондот и изрази подготвеност за соработка и поддршка на проекти од различни сфери.

DSC_8430– Имав задоволство да се сретнам со премиерот Груевски и можност да му ги објаснам активностите на Саудискиот фонд за развој кој е главниот канал со саудиската Влада за помагање на развојот на државите. Фондот е основан во 1974 и интернационално сме активни во 80 држави. Главно сме насочени кон помагање инвестициите во инфраструктурни проекти, образование, здравство, земјоделство, недвижности. На средбата што ја имав со премиерот и неговиот тим ни ги објаснија плановите за развој во повеќе сфери и нивните приоритети и проекти, и можноста за поддршка при нивната реализација,  изјави Ал Басам.

DSC_8414Тој додаде дека се надева на соработка особено во сферата на инфраструктурата искористувајќи ги расположливите потенцијали.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top