| четврток, 6 декември 2018 |

Полицијата и роднините трагаат по Лепа Јангелова

lepaЧетири дена полицијата и семејството трага по исчезнатата 38 годишна Лепа Јангелова од штипското село Радање. Во средата навечер околу 20 часот, таа заминала од дома сo две ќесиња алишта и повеќе не се вратила. Последен пат била видена кај селската чешма. Се качила во кола и од тогаш никој не знае ништо. Сопругот Јорданчо Манев вели дека често пати не се кажувала каде оди, но досега секогаш се враќала.

-Не се јавува каде оди. Ми бегала и не можам да ја најдам-вели сопругот за медиумите. Мајката на Лепа и нејзиниот брат штом разбрале дека ја нема веднаш дошле кај сватовите. Тие стравуваат од најлошото.

– Каде отиде, дали отиде, жива ли е, умрена ли е, ја убил ли некој, ништо не знаеме- вели  Стојанка мајката на исчезнатата. Обидите на домашните да стапат во контакт со неа досега биле залудни. Телефонот заsвонил само еднаш, кога не Лепа, туку некој друг се јавил на повикот од нејзината ќерка. Но се јавил машки глас, рекол мајка ти е кај нас, нема да си доаѓа.

Лепа и Јорданчо живеат 13 години заедно. Имаат две малолетни деца, на кои најмногу им недостасува. Семејството ја барало Лепа во кочанските села Спанчево и Облешево, за каде се сомневале дека може да замине, но засега потрагата не вродила со плод.

– Лепко да си дојдеш дома. Ние со децата за никаде сме- изјави  Далиборчо Манев, девер на Лепа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top