| четврток, 6 декември 2018 |

Кардашијан за милион долари ќе мине една вечер со саудискиот принц

Ким Кардашијан ја прифатила „непристојната понуда“ од милион долари за да мине една вечер со саудискиот принц.

Според британскиот „Телеграф“, на Ким ѝ било понудено да ја посети Саудиска Арабија во јануари, следната година, и да биде специјален гостин кај кралското семејство.

Според тврдењата, ријалити ѕвездата ја добила понудата преку нејзиниот профил на Инстаграм, каде принцот Адел Ал-Отаиби и понудил неверојатни милион долари за една вечер која таа би ја минала кај него. Велат дека токму оваа фотографија која Ким ја споделила на својот профил, го инспирирала принцот за да и даде една така непристојна понуда.

Интернет порталот „The Out“ наведува дека Ким ја прифатила оваа понуда, со оглед на фактот дека ова не е првпат за таа на ваков начин да заработува пари. Таа впрочем веќе била предупредена ако планира да патува за Саудиска Арабија да спакува и попристојна облека.

Минатата година австрискиот милионер, Ричард Лугнер, ѝ плати 500.000 долари за таа да се појави со него на Виенскиот бал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top