| четврток, 6 декември 2018 |

Кривична пријава за албански државјанин кој го украде ковчежето со мошти на Света Параскева

СВР поднесе кривична пријава против албански државјанин поради сомнение за кражба во манастирот Св Богородица – Кичево. Кадецот на ковчежето на моштите на света Параскева, на трите сребрени крста од 1800 година и на манастирскиот печат.А.Д. (38) од Албанија.

Манастирот „Св.Богородица Пречиста“ во близина на Кичево беше мета на  кражба. Имено ноќта на 11 декември беше извршена тешка кражба, при што крадецот  однел односно против-правно присвоил три сребрени крста, еден манастирски печат и едно резбано сребрено кофчеже со мошти од „Св. Параскева“.

Тешката кражба во манастирот е извршена околу два часот ноќта откако претходно насилно и со подесен алат скршени се цилиндарот од металната решеткаста врата и резето од помошната просторија.  Сторителот, потоа насилно ја отворил дрвената врата од јужната страна на манастирот, се упатил во внатрешноста на црквата и извршил пребарување низ црковните простории по што насилно ја отворил и дрвената врата за влез во олтарот. Оттука ги одзел трите крста и другите предмети по што преку малата црква „Св.Никола“ која е составен дел од манастирот избегал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top