Ивана Бакиќ Бодрожиќ (31) е пронајдена мртва вчера утро во една од собите во елитниот хотел „Хајат“ на Нов Белград. Кога лекарите стигнале во собата, само ја констатирале нејзината смрт.
-Телото на несреќната девојка го пронашла една од вработените собрарки, која веднаш повикала полиција и Брза помош. Но кога стигнале лекарите во нејзианта собата девојката веќе била мртва.
-Се претпоставува дека починала од предозирање со дрога. Телото е испратено на обдукција по што од токсиколошката анализа ќе се знае кој наркотик го зела и во колкаво количество – велат извори од полицијата.
Инаку мајка на несреќната девојка е пратеничката Нада Бодрожиќ, пратеник во покраинскиот парламент, позната по тоа што од Нова Србја која била на листата на Српската напредна странка преминала во Демократската странка и според тврдењата на поранешните колеги, така му овозможила опстанок на власт на Бојан Пајтич.
Според тврдењата на медиумите, нејзината ќерка живеела во Австрија и Германија, но често доаѓала во Белград, каде важела за припадник на џет сетот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.