| четврток, 6 декември 2018 |

Јазикот зборува за здравјето на човекот

­ Симптомите на болеста се покажуваат на различни начини, но она што веројатно не сте го знаеле е дека знаците на болеста можат да се видат и во устата, поточно на јазикот.

Јазикот им помага на лекарите кои поставуваат дијагноза. На него можат да се забележат знаци на настинка, грозница, жолтица, главоболка или лоша работа на цревата. Јазикот кај здравите лица треба да биде розов, чист и прекриен со ситни брадавици кои препознаваат вкусови.

Но кога јазикот е црвен, црн или бел укажува дека нешто не функционира како што треба во организмот. Отечен јазик обично значи дека е во прашање алергија, а темен јазик може да значи прекумерна употреба на антибиотици или симптоми на СИДА. Долгите бразди на јазикот означуваат дека веројатно станува збор за сексуална пренослива болест ­ сифилис.

Мазен и цврст јазик укажува на недостаток на витамин Б12. Индиски лекари развиле софтвер кој треба да помогне, со помош на дигитална слика која се добива со овој софтвер, здравствените работници јасно да воочат дали дошло до промена на бојата, подуеност или текстура на јазикот. Софтверот засега распознава 14 различни состојби, а лекарите се надеваат дека наскоро ќе можат да развијат слична програма која ќе може да ги вчитува податоците од очите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top