| четврток, 6 декември 2018 |

Последната епизода од „Шоуто на Дејвид Летерман“ ќе се емитува на 20 мај

Cleared for release by Joint Staff Public Affairs

Последната епизода од „Шоуто на Дејвид Летерман“ ќе се емитува на 20 мај 2015 година, соопшти телевизија „Си-Би-Ес“. Ако Летерман до тогаш ги води сите планирани емисии, ќе има вкупно 6.029 продолженија на тоа шоу.

– Дејвид Летерман даде исклучителни достигнувања и креативност која никогаш нема да се заборави. Ќе биде тешко да се каже збогум, но знам дека со љубов ќе ги паметиме сите емисии, рече претседателот на „Си-Би-Ес“ – Лесли Мунвис.

Летерман (66) минатиот април соопшти дека планира да замине во пензија, а за негова замена на Си-Би-Ес го одбра Стивен Колбер, кој следната недела ќе ја води последната епизода од неговиот „Колберов извештај“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top